12 јанБлогот не ми функционира

Можам само да напишам нов пост и ништо друго. и да коментирам . Ќе направам нов блог само ќе ми треба време !  Новава платформа не е баш прегледна за читачи и  ‘сеирџии‘ :)   Арно некој напиша “ како гуски во магла“ :)

До читање! :)

05 јанСреќна Нова 2010 година! :)

Сакам да ви посакам  Среќна  Новата година , планирав пост на претходниот блог ама ме изненади ова со новата платформа . :)

04 ноеНа денот на..

На мојот самопрогласен  ден на блогирањето ,

би сакала да ве известам за промоција на збирка со поезија

што ми е посебно мило . 

Интересната девојка и блогерка и плус другарка ( д ‘бест) на мојата ќерка, :)

Бобе, Слободанка Павлова , добитник на наградата “ Караманов“

вечер  во 20.00 часот во Мала станица ќе ви ја презентира својата поезија..

 

 АВТОПОРТРЕТ НА ЕДНА ПЕСНА

Автопортрет на една песна (македонски)

Ми рече поезијата била
само чкртаници на празен лист,
па му се напишав на ѕидот.
‘Рбетот ми е акроним
од неговото име.
Го сместив акронимот
среде ѕид, па го болдирав,
за да ме разбере.
Нозете ми се два стиха
од едно хаику,
кратко, моментално задоволство.
Ги протегам рацете како два
надоврзани стиха,
тие само се преправаат
дека се лева и десна ,
а сонуваат да му се замотаат
околу рамената.
Ми рече поезијата била
само чкртаници на празен лист,
па му се напишав на ѕидот.
 

22 авгАј, штафета :)

1979 – фала за штафетата! Не сум нешто по трчањето , ( иако Зорив толку го рекламира – коленото ме боли не за друго -хаха)

Ама еве со брзо одење некако ќе ја исполнам обврската .

Во чест на годините поминати на оваа ‘платформа‘ .

Блогерајот – жива материја , блогерите идат и одат и пак се враќаат, ги има па ги нема и така…..

Како прво сама себе си недостигам ( не дека пишував многу..) се изгубив во обврски и секојдневни проблеми та немам време ни за читање на ‘ лесна‘ , ни на посериозна литература, весници , постови и сл.

Еве некои блогови кои мислам дека ги нема во другите штафети ….

Лилит беше многу интересна , сега се поретко ја има ….

Кристалниот замок …… ја нема во последно време ….

Вргуд – беше мноогу интересен , одамна не сум го видела ни со пост ни со коментар

Либерте …..

Натка – гледам и други ја спомнуваат

Картерова …..

Харизма ми недостига…. – го нема блогот :(

Нил го нема , таман го ставив во блогови што ги следам …

Вип Картон — да не насмее со карикатурите …

Зен – ди џејот –

Таа

Луцидната господарка -избришан

Пинчер — се поретко

Има уште многу ….

Има добри блогови

Има и многу нови блогери што заслужуваат да бидат прочитани ама ми недостига време да ги следам .

Ама секогаш ќе има кој да ги чита …. секој со своите интереси … Продлжува………..

11 јунЗа ЛУДА ГЛАВА , пак

 

Еве булки и шини втор пат !

 

А еве го и Рино! Знам дека ќе ја развесели Луда Глава !  :) :)

А и сите што сакаат животни!. 

01 јунСреќен јуни

Среќен месец јуни 2009 та година ви посакувам! :)

Многу храброст, среќа  нека ве следи во секојдневието! ( – ни треба )

Ако успеете уживајте во најдолгите денови од годината , се надевам сончеви  и пријатно топли ( барем такви беа во минатото), исполнети со мирис на липа

бидејќи јуни 2009  е само еднаш.  :)

Еве и кактусот мој цвета на прекрасното сонце и ја разубавува околината!

( не го интересираат моите проблеми и дилеми)

 

 

19 апрПовелете, за Велигден

Повелете! Одберете си јајце! :)
Денес е убав ден , празник, Велигден.

 

Не сум некој посветен верник , но ги почитувам христијанските обичаи.
Одам во црква ( не се крстам , не знам ни зошто ) ,
ги сакам црквите како градба, како храм Господов,
 чувствувам возвишеност, духовност и некоја чудна поврзаност
кога ги гледам иконите, сводовите , свеќите како горат
и посебно кога ги слушам црковните песни.
Важноста на моралните вредности   ги наследив од моите родители,
и се обидувам да ги пренесам на моите деца .
Среќни Велигденски празници ви посакувам и
многу години да  ги славиме во нашата Македонија.

05 апрБез текст

Останав без текст.
Немам коментар за секојдневните случувања……
Некој како да сака  да го збуни народот ….
За Блогерајот – не сакам да коментирам.
( Изборот на Уредникот го читам , добар е ….. )
Има добри постови само треба да се пронајдат низ …..
Ај ќе  поминат изборите, ќе се  расчисти малку ……:)
Всушност, сакав да  си ги поздравам моите драги блогери,
си знаат Они… :)

14 февПразници денес :)

Убав нека ви е денот , вечерта и ноќта

(зависи кој кога е расположен за славење). :)

Бидете исполнети со љубов и пијте црвено вино.!

За нашиот празник Св. Трифун и,

за тој што си го посвоивме Валентајн. :)

 

01 јанЧеститка

Ви посакувам многу здравје, љубов, успех , среќа ,
исполнување на желби   и убава дружба на блогерајот
помалку причини за ‘мрчење‘ повеќе за фалење. :)

                СРЕЌНА НОВА 2009   ГОДИНА